Мајка тврди дека нејзиниот 17-годишен син со аутизам бил врзуван и малтретиран во психијатриската болница Демир Хисар, оттаму велат дека бил „лекуван според протоколи“

Точка

02/10/2023

15:56

3.151

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи денеска се споделува потресно сведоштво на Салка Анес Абдуловска, мајка на 17-годишно дете со аутизам која ги обвини лекарите од психијатриската болница Демир Хисар дека го малтретирале и врзувале нејзиниот син.

Во својата објава на Фејсбук, се пожали дека нејзиниот 17-годишен син кој бил хоспитализиран пред 1 месец во психијатриската болница, вчера бил отпуштен со рани од врзување.

„После месец дена мојот син го зедовме од Психијатриската болница, така ни кажаа викендов.

Изгледа дојде време да ја тужиме државата!!! Тоа ни остана

Ирена од Битола ме бараше. Може ли да ти се јави мајката на...

Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Sunday, October 1, 2023

Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате??? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани. Ова дете е 17-годишно!

Душата ме боли, се прашувам дали ние погрешивме што побаравме помош. Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван“, вели мајката.

Од психијатриската болница Демир Хисар за „Слободен печат“ велат дека младиот пациент бил лекуван според протоколите.

Момчето на сликава се вика Анес Абдуловски. 17 годишно од Битола, Со дијагностициран аутизам. Момче кое посетувало до...

Posted by Snezana Todorovska on Monday, October 2, 2023

„Пациентот е лекуван во нашата установа во текот на изминатиот месец. Станува збор за лице со нарушување од аутистичен спектар во изразито влошена состојба. Претходно бил одбиен за третман од повеќе установи. Актуелниот прием е реализиран на упорно инсистирање на родителите иако притоа беа запознаени со условите во установата и дека не станува збор за соодветна институција за негов третман. Лекувањето е согласно медицина базирана на докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите. Тоа се ситуации кои се поврзани со ризично однесување во смисла на автодеструктивност или агресивност кон другите. Родителите во текот на целиот третман беа навремено и редовно известувани за неговата состојба“, вели директорката на психијатриската болница Демир Хисар, Ивана Кочовска, пренесува „Слободен печат“.