За појадок или вечера, едноставен рецепт: Вкусна пица-пита која ја обожаваат сите – од 3 до 103 години

Точка

02/10/2023

16:31

13.748

Големина на фонт

а а а

Доколку ви е потребен предлог за појадок или вечера, сластната пица-пита е идеален избор за љубителите на солени работи.

Кога не знаете што би подготвиле за појадок или вечера, одличен избор е пицата-пита. Станува збор за брз и едноставен рецепт, од готови кори, а подготовката не може да не им успее дури ни на почетниците во кујна.

Состојките веројатно веќе ги имате во фрижидер, а ќе ја подготвите брзо и без мака.


Состојки:

- 1 пакетче кори;
- 4 јајца;
- 250 грама шунка;
- Голема коцка сирење;
- Кечап;
- Оригано;
- Маслиново масло.

Подготовка:

1. Сирењето и јајцата изматете ги, па додадете малку масло во смесата.

2. Првата кора намачкајте ја со смесата од сирење и јајца.

3. На втората кора распоредете ја шунката.

4. На третата кора по вкус ставете кечап и оригано.


5. Повторете ја постапката уште еднаш, па изролајте (вкупно 6 кори за една пита).

6. На врвот ставете кечап и посипете со оригано.

7. Печете околу половина час (во зависност од рерната) на 200 степени Целзиусови.

На здравје!