На Тикток се шири вирално видео кое покажува колку чини убаво да се помине на овогодинешниот Октоберфест во Минхен, а износот на сметката го шокирала тимот кој добро се забавувал, но и многумина тиктокери.
Имено, една корисничка на Тикток објавила видео на кое ја покажала сумата на сметката по посетата на шаторот „Kufflers Weinzelt“, која изнесувала 919,80 евра за десет пријатели.
„Пченичното пиво е поевтино од обичната вода“, напишала корисничката на Тикток покрај видеото и додала: „Купени се две шишиња вода по цена од 10,90 евра, а две пченични пива на сметката чинат по 8,70 евра“.
@jessie_2101 Inflation und so ? #wiesn2023 #preise #oktoberfest #münchen #weinzelt ♬ Peter Pan - Julian Sommer & Mia Julia
Видеото собрало 1,4 милиони прегледи, а многумина биле изненадени од цените на храната. Имено, три порции риба и чипс чинат 102 евра, додека две виенски шницели чинат 76 евра.
„Три порции риба и чипс за 102 евра? Дали е вклучено морето во цената? напишал еден тиктокер, а друг додал: „Поминав 12 дена на хрватското приморје за нешто помалку од 900 евра (хотелот вклучен во цената).
@jessie_2101 Antwort auf @Jens ♬ Good Life - OneRepublic
Сепак, имало и такви кои не биле згрозени од износот на сметката, а една тиктокерка напишала: „Износот ќе беше многу помал без бројните алкохолни пијалоци“.