Познатиот британски комичар, Џош Бери до солзи ги насмеал љубителите на тенисот ширум светот со својата генијална имитација на Новак Ѓоковиќ.
Момчето кое го привлекло вниманието на јавноста за време на „Вимблдон“ со своите автентични имитации на бројни тениски ѕвезди, приредил ново шоу за љубителите на тенисот.
Тој до совршенство ги доловил гласовите и движењата на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареј … Најдобриот на сите времиња очигледно посебно го инспирирал, бидејќи повторно се нашол на „тапет“.
.@DjokerNole will NEVER retire ?
— LTA (@the_LTA) September 30, 2023
Superb @JoshBerryComedy ? pic.twitter.com/181pgUlkPh
„Пријателе мој, мислам дека никогаш нема да паднам во формата. Никогаш нема да се пензионирам, ќе продолжам да играм тенис. Веганската диета значи дека имам внатрешни органи како 14-годишник и ќе продолжам. Моето тело и мојот дух се во перфектна позиција. Дури и кога планетата Земја ќе биде ужасна поради климатските промени, јас ќе се погрижам за да се преселиме на други планети и таму во универзумот ќе победувам во тенис. Ќе бидам најдобар во цела галаксија“, била изјавата со која Бери го имитирал Ѓоковиќ.