10 цитати на Фрида Кало: Покажала што е „силата на една жена“, борејќи се со дела, зборови и мисли

Точка

02/10/2023

13:01

4.834

Големина на фонт

а а а

Фрида Кало била сликарка, по потекло од Мексико, која со специфичните слики, познатите веѓи, но и нејзината нескротливост, го оставила своето име запечатено во историјата.

Фрида имала тешко детство. Родена со детска парализа, таа го поминала животот со едната нога многу потенка од другата.

Нејзиниот живот бил одбележан со големи падови, а таа покажала каква сила носи една жена и „полетала“ уште повисоко и погордо. Доживеала сообраќајна несреќа, за која имала преку 30 операции и долго закрепнување.


Оваа дама се изборила со саканиот, но неверен сопруг Диего Ривера и губењето на бебето при породување.

Сликарката со, можеби и најпознатите веѓи, поминала низ многу несреќи во животот, покажувајќи што значи борба и сила на умот.

И денес Фрида е пример за многу жени, но и за сликарите, бидејќи нејзините фотографии на автентичен начин ги прикажуваат животните патишта како на неа, така и на секоја друга жена.

Сепак, мудроста и димензиите на своето размислување не ги оставила само на платно, туку и нејзините цитати останале забележани како едни од најпознатите.


За вас издвоивме 12 нејзини најубави цитати во кои ќе ја почувствувате нејзината сила. Дозволете овие зборови да ве инспирираат на начинот кој ви е потребен.

1. „На крајот на денот, издржуваме многу повеќе отколку што сме замислувале дека можеме.“

2. „Сликам цвеќе за да не овене.“

3. „Ништо не е конечно. Сè се менува, сè се движи, сè полетува и одлетува.“

4. „Стапала, што ќе ми сте кога имам крила да летам?“


5. „Порано сметав дека јас сум најчудната личност на светот, но тогаш се сетив дека постојат толку многу луѓе на светот, па мора да има некоја како мене која се чувствува чудно и несовршено на истиот начин како мене. Ја замислував и мислам дека и таа мора да е таму некаде и да мисли на мене. Е па, се надевам дека си таму некаде надвор и дека го читаш ова и знај дека, да, јас навистина сум тука и сум чудна исто колку тебе.“

6. „Сликам автопортрети, бидејќи толку често сум сама, бидејќи јас сум личноста што најдобро ја познавам.“

7. Понекогаш претпочитам да разговарам со работници и ѕидари, отколку со оние глупави луѓе кои се нарекуваат културни луѓе.

8. „Јас не сум болна. Јас сум скршена, но сè додека можам да сликам, среќна сум што сум жива.“


9. „Ништо не е повредно од насмевката. Сила е да се насмееш и да се предадеш, да бидеш несериозен. Трагедијата е најглупавото нешто.“

10. „Порано пиев затоа што сакав да ја удавам мојата тага. Но сега проклетата научи како да плива.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг