(Фото) Маријана открила нов вид животно под карпите: Малото суштество нема нозе, не може ниту да слуша, а добило необично име!

Точка

30/09/2023

18:04

11.051

Големина на фонт

а а а

Научниците за време на нивното истражување на дивите животни на планинскиот венец Сиера Невада во Јужна Африка откриле досега непознато суштество.

Истражувачите пронашле три гуштери без нозе под карпите и сфатиле дека штотуку откриле нов вид. Го нарекле Acontias mukwando или копјаникот на Сиера Невада.

Новооткриениот вид гуштер има цилиндрично тело и достигнува големина од 17 сантиметри. Има подвижни очни капаци, но нема отвори за уши. Изгледа како нешто помеѓу змија и црв. Телото е во розова боја со потемна кафена лента што се протега по грбот. Во близина на вратот има и „ланче“ во крем боја.

ДНК анализата открила дека новиот вид има најмалку три проценти генетска дивергенција од другите гуштери без екстремитети.

Маријана Маркез, која учествувала во истражувањето и создавањето на студијата која неодамна била објавена, навела дека видот го добил името во чест на локалното племе Муквандо.

„Тоа е знак на благодарност за гостопримството и локалната размена на знаења во текот на нашата теренска работа“, објаснила Маркез на социјалните мрежи. Копјаникот на Сиера Невада бил пронајден само во таа изолирана област во близина на подножјето на втората највисока планина во Ангола.


Сиера Невада е шумска планинска област која се наоѓа на западниот брег на Ангола. Оваа област сè уште е слабо позната на научниците, но се смета за „несомнено жариште“ на биодиверзитетот.

Да потсетиме, научниците кои работат во Перу неодамна именуваа нов вид змии по Харисон Форд (81) поради поддршката на актерот за зачувување на природата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг