Доста е од негатива: 8 добри нешта кои моментално се случуваат во светот, а повеќето луѓе не се свесни за тоа

Точка

30/09/2023

11:04

7.607

Големина на фонт

а а а

Лесно е да се изгубиме во негативните нешта, особено кога тие се важни и влијаат на нашите животи.

Но, исто така е важно да запомниме дека во истовреме се случуваат и позитивни нешта. Еден корисник на Редит сакал да дознае кои се добрите нешта кои моментално се случуваат во светот, а повеќето луѓе не се ни свесни за нив.

Луѓето едвај чекале да ги споделат своите добри вести – од лични достигнувања до глобални победи за сите нас. Многумина опишале светски настани поради кои се чувствуваат подобро, а ова се најдобрите одговори кои нè потсетија дека постои толку многу добро на оваа планета.

1. Пчелите медарки се на својот врв, ги има повеќе од некогаш.


2. Пандите веќе не се загрозен вид.


3. Сè повеќе млади девојки и жени во неразвиените земји добиваат основно и средно образование.


4. Ледената прекривка на Антарктикот пораснала за речиси 6000 квадратни километри.


5. Развиена е вакцина против маларија и моментално се испитува на луѓе. Тоа би можело да спаси стотина илјади животи годишно, од кои многу се деца.


6. Сè повеќе луѓе отколку претходно имаат пристап до чиста питка вода и основни санитарни услови што спасува илјадници животи.


7. Луѓето стануваат сè повеќе информирани за менталното здравје, се соочуваат со своите проблеми и се обидуваат барем малку да го олеснат товарот на следните генерации.


8. Имаме поголемо знаење и поврзаност на дофат на рака отколку претходно. Нашите предци можеби завршиле само 5-то одделение, но ние денес можеме да пребаруваме видеозаписи од предавања за нуклеарна физика.