„Alfa Romeo 4C“ добива електричен наследник

Точка

29/09/2023

20:51

9.032

Големина на фонт

а а а

Еден од најубавите роудстери на овој милениум би можел да добие наследник.

Ако „Alfa Romeo“ понуди наследник на моделот „4C“, тоа ќе биде прв познат ривал на најавениот „Porsche Boxter“, кој исто така во најновото издание премина на струја. Адутот на „Alfa“ веќе е наречен „4E Spider“ бидејќи шефот на „Alfa“ Даниел Гузафаме претходно изјавил дека за новиот спортски модел би можеле да го задржат името „Spider“.


„Постојат некои работи во „Alfa Romeo“ кои не ги убиваме: едната е „Spider“, а друга е љубовта кон автомобилите“, рекол тој за „Autocar“.


„Ги сакаме и понатаму бидејќи тоа бренд. И тоа е во нашите идеи, па да видиме дали можеме да го оствариме тој план“, додал Гузафаме.


Гузафаме открил дека новиот модел можеби ќе најде инспирација во „33 Stradale“, но и моделот „Duetto Spider“, кој „Pinafarina“ го дизајнирал во 1960-та година. Тоа што е сосема сигурно е дека новиот модел нема да дојде пред 2027-ма година.


Притоа ќе ја задржи препознатливата привлечност на „Alfa“ и кога е чувството при возењето во прашање. „Не е важно што слушате, туку што чувствувате“, рекол тој.


Запрашан за исплатливоста на таквиот автомобил, рекол: „"Alfa Romeo“ е „Spider“, а кога размислувате за „Spider“, мислите на „Alfa Romeo“. Моментално сме доволно стабилни и имаме вистинска основа“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг