Еве зошто никогаш не сакате да ја слушнете тајната шифра „7500“ во авион

Точка

29/09/2023

16:20

5.304

Големина на фонт

а а а

Летањето со авион може да биде непријатно искуство. Силните турбуленции не се единственото нешто што може непријатно да ве изненади, бидејќи понекогаш е доволно да доживеете незгоден момент поради моден избор.

Некои работи би можеле и погрешно да ги протолкувате, особено ако забележите дека стјуардесата интензивно ве набљудува, а фактот дека на пилотите им е дозволено да спијат за време на летот, секако не е пријатен. Но, има нешто полошо. Имено, според „Daily Telegraph“, персоналот има куп тајни шифри кои ги користат за меѓусебна комуникација за да не предизвикаат паника меѓу патниците.


Шифра „7500“

Покрај очигледните, како што е шифрата „мејдеј“, која укажува дека авионот е во непосредна опасност, постои и шифрата „пан-пан“ што значи дека нешто се расипало. Исто така, некои од шифрите се бројки наместо зборови, а оној што навистина не сакате да го слушнете на летот е „7500“ бидејќи се користи во случај на киднапирање.

Се разбира, ако се наоѓате во киднапиран авион, има големи шанси да знаете за тоа пред да слушнете какво било спомнување на кодот, кој всушност треба да ги предупреди другите авиони и контролата на летање за опасноста.


Тајни кодови

Дополнително, тука е и шифрата „7700“ која е општ сигнал за итни случаи, додека со шифрата „7600“ пилотот сигнализира дека изгубил контакт со кулата.

Патем, ако сте на аеродром и слушнете како некој ги кажува зборовите „Code Adam“, тоа значи дека на аеродромот се изгубило дете.