Утре, на 29-ти септември, нѝ пристигнува последната супермесечина во 2023 година, а астролозите наведуваат дека таа особено ќе влијае на поединечни знаци на хороскопот.
Супермесечината претставува феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание помало од 360.000 километри. Во оние случаи кога е блиску до нас, добива неверојатен сјај и нејзиниот дијаметар на небото е привидно поголем. Во тој период исто така доаѓа и до поинтензивни плими и осеки.
Бидејќи оваа супермесечина е во знакот на Овен, сосема е логично најмногу да влијае на овој хороскопски знак. Во овој период, Овните треба да се преиспитаат и да утврдат дали постои рамнотежа во нивните љубовни, но и пријателски односи. Во овој период, тие ќе сфатат дали околината им дозволува да блеснат во полн сјај или дали е време да продолжат понатаму.
Кога станува збор за Раковите, оваа супермесечина ќе има најмногу влијание врз нивната кариера, социјалната репутација и признанието што го заслужуваат. Запрашајте се дали премногу се трудите да ги исполните очекувањата на семејството и пријателите, додека занемарувате да ги остварите сопствените соништа. Конечно ќе ви биде јасно по кој пат треба да одите во кариерата и ќе се оддалечите од воспоставените правила.
Вагите ќе доживеат налет на креативна инспирација. Ќе почувствуваат желба да ги споделат своите идеи со другите луѓе. Сепак, тие исто така ќе разберат дека давањето простор на другите ги зајакнува врските на прекрасен начин. Ова може да биде и можност да се збогувате со лошите луѓе и да поставите здрави граници во моменталните односи.
Супермесечината ќе ги натера Јарците да размислуваат за семејниот живот. Ќе почувствуваат желба да се повлечат подалеку од метежот и вревата. Јарците ќе размислуваат за сите тешкотии што ги следат уште од детството и ќе се обидат да се ослободат од нив.