(Видео) НБА ѕвездата шокирана од цената на бензинот: „Ова е грабеж, се префрлам на струја!“

Точка

28/09/2023

16:41

3.730

Големина на фонт

а а а

Ѕвезда на Мајами Хитс и еден од клучните играчи во НБА остана згрозен од цената на горивото додека го полнеше својот автомобил, еден од најскапите нови автомобили во светот.

Џими Батлер, НБА играчот кој потпиша тригодишен договор вреден повеќе од 146 милиони долари, беше запрепастен од цената на бензинот и тоа го покажа на начин како што би изреагирал и било просечен возач. „Големата вистина“ дека горивото денес е скапо ја дознал додека полнел еден од своите суперскапи автомобили.

Сметката за 19,9 галони чинела нешто повеќе од 145 долари или околу 1,83 евра за литар. „Можете ли да верувате дека чини 145 долари да се надополни „Bugatti“?

Батлер го повторил ова додека го возел својот втор, Ролс-Ројс автомобил, што го направи видеото уште побизарно.