Десет години затвор им се заканува на српските напаѓачи во Бањска

Макфакс

28/09/2023

12:10

1.900

Големина на фонт

а а а

На уапсените српски напаѓачи во инцидентот кај селото Бањска во Косово има се заканува казна од 10 години до доживотен затвор, пренесува Н1.

Тие ќе одговараат за „тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, за „подготовка терористички дејствија или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и за „неовластено поседување, контрола и држење оружје“.

По вооружениот инцидент, властите во Приштина упатија обвинувања дека станува збор за „криминална група“ која била „поддржана и финансирана од Србија“, барајќи казна и санкции од официјален Белград.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља изјави дека Србите кои се судрија со полицијата „планирале да го дестабилизираат северот и потоа да прогласат автономија во близина на реката Ибар“. Тој во интервју за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека групата ја предводел потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ „по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.

Српскиот претседател пак изјави дека убиството на полицаецот на Косово е апсолутно за осуда и дека такво нешто нема оправдување. Тој во своето обраќање по инцидентот рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не сакајќи повеќе да го трпат теророт на Курти“.