Ливерпул го ангажираше Доминик Собослаи откако стана јасно дека Мејсон Маунт се сели во Манчестер Јунајтед, а оваа одлука на раководството на клубот се покажува како супер потег и фановите на „Енфилд Роуд“ веќе се заљубени во квалитетите на Унгарецот.
Собослаи експресно брзо се адаптираше на новата средина и се истакна како извонреден техничар, но полека сите се запознаваат дека еден од неговите најголеми квалитети е и разорниот шут.
Ливерпул вчера правеше пресврт против Лестер во Карабао Купот, а токму Собослаи постигна фантастичен гол за 2:1 кога испрати „ракета“ во голот на „лисиците“.
Rocket.
— Jim Boardman (@JimBoardman) September 28, 2023
Get the feeling we’ll be seeing plenty more of these from Dominik Szoboszlai in the years to come.
pic.twitter.com/s23BSM5jd0
Јирген Клоп не штедеше комплименти за импресивното летно засилување, за кое вели дека покрај квалитетите, посебно за истакнување е и залагањето на тренинзите.
– Немам потреба да му кажам на Доминик дека треба да шутира. Тој го знае тоа подобро од мене. Шутот е негов извонреден квалитет, после постигнатиот гол испрати уште една „ракета“ која за малку мина над голот. Постигна супер гол и среќен сум за него.
– За мене изгледа како да е долго дел од тимот, веќе заборавив што помислив за него на првиот тренинг. Но, уште од првата минута импресионира со начинот на кој тренира. Тој е фантстично момче со многу квалитети и лесно е да се адаптирате во такви услови. Природно има многу самодоверба во тоа што го прави, а кога на тоа ќе се надополни и напорна работа, резултатот е тој што го гледате на теренот, – изјави Клоп.