Интер го претрпе првиот пораз во новата сезона и веќе не е осамен лидер на табелата во Серија А, бидејќи претходно Милан оствари сигурна победа на гостувањето на Сардинија.
Двата тима од Милано сега имаат по 15 бода и се на делба на првото место, а до вакво сценарио дојде откако Интер доживеа неуспех на мечот со незгодниот Сасуоло.
Европскиот вицепрвак поведе во првото полувреме со голот на Дамфрис, но потоа имаше многу лоши втори 45 минути и во ниту еден момент не успеа да ја наметне својата игра.
Израмнувачкиот гол дојде по лоша реакција на Јан Зомер, но при вториот шут, швајцарскиот чувар на мрежата не можеше да направи ништо, освен да ја проследи топката со поглед.
Берарди постигна страшен гол со својата посилна лева нога и испрати „топ“ во мрежата на домаќинот, па за овој потег доби честитки и од Симоне Инѕаги.
– Имавме многу шанси во првото полувреме и на пауза требаше да имаме поголема предност. Со оглед тоа што го креиравме, требаше да имаме покомотна предност. Направивме грешка за 1:1 и го вративме противникот во игра, а потоа следеше магичен момент од Берарди.
– Сите го знаеме Берарди, тој има неверојатен талент и постигна страшен гол. Не се гледаат често вакви голови во Италија. Вистината е дека паднавме после неговиот гол и креиравме доволно за да се вратиме во игра, – изјави Инѕаги.