Италијанскиот фудбалски великан Милан ја доби првата дозвола за изградба на новиот спектакуларен стадион, со што легендарниот Сан Сиро ќе замине во историјата.
Стадионот изграден во 1925 година, по 100 години ќе замине во историјата. Таму се славеа бројни титули и играа ривалите Интер и Милан, а сега „росонерите“ потврдија дека е завршен првиот формален чекор кон изградба на новиот стадион.
Милан го претстави предлогот за урбанистичкиот развој за локацијата Сан Франческо, каде што ќе се гради новиот стадион. Со тоа се стекнаа правата за поднесување на целиот проект.
New #ACMilan stadium: first formal step taken with San Donato Milanese council ➡ acmi.land/New_Stadium
(The attached...
Posted by AC Milan on Wednesday, September 27, 2023
Целта на предлогот за стадионот е да се создаде значителна вредност за целиот локалитет, од што локацијата би имала многу повеќе корист во однос на сегашната ситуација. Од италијанскиот клуб потврдија дека на изработката на плановите ќе работи едно од најпрестижните светски архитектонски студија наречено „Manica“.
„Пред повеќе од четири години, презедовме акција да му го дадеме на нашиот клуб еден од најдобрите стадиони во светот, кој ќе нè испрати во победничка и одржлива иднина. Ова претставува прелиминарен чекор во еволуцијата на овој процес, но тоа е уште еден доказ за континуираниот раст на Милан, како на теренот така и надвор од него“, изјави претседателот на „росонерите“, Паоло Скарони.
„Manica“ нема да го дизајнира само фудбалското игралиште, туку и целиот забавен парк и другите придружни објекти. Капацитетот на новиот стадион во Милано ќе биде 70.000, што е речиси 20.000 помалку од актуелниот Сан Сиро, но ќе биде неспоредливо помодерен.