(Фото) Ретка банкнота од 10.000 долари продадена за 480.000 долари на аукција

Точка

27/09/2023

20:04

4.047

Големина на фонт

а а а

Ретка банкнота од 10.000 американски долари од периодот по крахот на Њујоршката берза пред стотина години, е продадена за 480.000 долари на аукција.

Како што пренесува „CNN“, аукциската куќа „Heritage Auctions“ со седиште во Далас за банкнотата издадена во 1934-та година проценила дека банкнотата има одличен квалитет.

Банкнотата, која го прикажува лицето на министерот за финансии на тогашниот претседател Абрахам Линколн, Салмон П. Чејс, на аукција е продадена за рекордна цена.

„Банкнотите од големи апоени секогаш привлекувале интерес од колекционери од сите видови“, рекол по тој повод Дастин Џонстон од споменатата аукциска куќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг