Во Наполи трае голема драма околу Виктор Осимен. Напаѓачот на италијанскиот шампион е бесен на клубот поради видеата на официјалниот профил на ТикТок.
Наполи објави видео во кое го исмева Осимен поради фризурата, промашениот пенал минатото коло против Болоња, поради кој не успеаја да победат. По тој натпревар, Наполи во првите пет кола има 8 бода, дури 7 помалку од првопласираниот Интер.
Осимен преку својот менаџер најави тужба и од Инстаграм ги избриша сите фотографии во дрес на Наполи. После тоа се појавил во хотелот на клубот, но не се поздравил со двајца соиграчи. Диего Деме и Пјотр Зиелински, кои биле пред хотелот. Го поздравил само клупскиот тим менаџер Џузепе Санторо.
Осимен, 24-годишен Нигериец, има договор со Наполи со 2025-та година. За Наполи постигна 62 гола во 107 натпревари, а „Transfermarkt“ го проценува на 120 милиони евра.
#Osimhen arriva all’Hotel Serapide. Saluta Santoro, ma snobba #Demme e #Zielinski. La faccia del Team Manager la dice lunga. Video: Enzo Buono.#Napoli pic.twitter.com/dInBTqvIU8
— Gennaro Del Vecchio (@GennyDelVe) September 27, 2023