(Фото/Видео) Жителите на Северна Германија уживаа во необични сцени на небото

Точка

27/09/2023

17:40

3.810

Големина на фонт

а а а

Жителите на делови од северна Германија имаа можност да уживаат во спектакуларните глетки на поларната светлина ноќта од недела кон понеделник.

Ноќното небо таа вечер беше осветлено со различни бои, како зелена, виолетова, жолта и црвена, а неколку дена претходно можеа да се видат необични сцени над провинцијата Саксонија-Анхалт.

Жителите на Германија и во април годинава имаа можност да ја набљудуваат поларната светлина. Инаку, Институтот за соларна физика на Германскиот вселенски центар (ДЛР) објасни дека појавата на поларната светлина не е особено необична.

Имено, приближно на секои 11 години фазите на слаба и силна сончева активност наизменично се менуваат во сончевиот циклус, а моментално се наближува максимумот на сончевата активност. Следниот врв се очекува во 2025 година, а статистички гледано, пролетта и есента се најдобри сезони за поларната светлина.

Звукот на поларната светлина

Да потсетиме дека оваа игра на светлина се создава кога електроните, како производ на сончева бура, со голема брзина се судираат со магнетното поле на Земјата. Овој природен феномен отсекогаш ги фасцинирал луѓето, но помалку е познато како оваа појава произведува звук кој многумина го опишаа како морничав.