Видео од преминување на граничен премин од 1984 година предизвика полемика – дали во минатото било подобро или полошо од денес?

Точка

27/09/2023

12:45

4.788

Големина на фонт

а а а

„HRT“ сподели исечок којшто прикажува како изгледало преминувањето на граница во 1984 година, а кое потоа предизвикало полемика дали метежот и чекањето во минатото биле полоши во однос на денес.

Во спомнатиот прилог може да се слушне нараторот којшто зборува: „Имаше забелешки на долгото чекање и строгите прегледи на граничните премини што многу од потенцијалните гости ги одвраќа од желбата да дојдат на гости“.

Новинарската екипа одлучила да ги провери овие наводи и за еден час изброиле 240 автомобили кои ја преминале границата, наведувајќи во прилогот дека тоа практично значи преглед на секој автомобил којшто во просек трае три минути.

„Но со царината и цариниците и натаму немаме среќа, шефот на царинската управа одби да даде изјава и тоа им го забрани на своите службеници. Така се чини дека услугите, туризмот и информациите се грижа за едни, а царината и цариниците друга работа. Како оваа земја да не ја сочинуваме сите заедно“, се пожалил еден новинар во прилогот.

Vremeplov, 1984.

Kako je bilo na graničnim prijelazima 1984. pogledajte u "Vremeplovu".

Posted by HRT Vijesti on Wednesday, September 20, 2023

На видеото се прикажани детални прегледи на патници, а во ТВ-прилогот се напоменува: „Царината не е никаква тајна, проблемите, доколку ги има настануваат поради недоволно познавање на правилата и прописите“.

Исто така, тие споделиле и совет за работниците во странство дека пред враќање во татковината треба да се распрашаат за сите потребни документи затоа што така ќе избегнат дополнителни чекања и ризик од дополнителни трошоци.

Уште една напомена имале на крај за цариниците: „Тие со повеќе љубезност би требале да си ја вршат работата. Само така нивната некогаш нељубезна постапка не би предизвикала поголеми проблеми од прописот којшто и тие и граѓаните мора да го почитуваат“.

Видеото предизвикало бројни реакции, како и полемики за тоа дали ситуацијата во минатото била подобра односно полоша во однос на денес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг