Леонардо ди Каприо деновиве бил фотографиран во Милано.
Во негово друштво била манекенката Виторија Черети, како и мајката на актерот. Фотографите го снимиле Ди Каприо пред музејот „ Pinacoteca Ambrosiana“. Тој се обидел да се прикрие при излегувањето од музејот, додека манекенката одела пред него. Фотографиите ги објавиле „Page Six“.
Виторија на своја 14-годишна возраст се пријавила на натпреварот „ Elite Model Look“ во Италија каде стигнала до финалето. Оттаму започнала нејзината кариера како модел и денес таа е многу успешна манекенка во Италија.
Натапила на ревии за звучни брендови како „ Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger...“
Италијанскиот Вог напишал дека таа е најбараниот модел во 2018 година. Виторија позирала за насловните страници на Вог во земји како Германија, Италија и Јапонија.