Пеп Гвардиола е познат по напорната работа со своите фудбалери и нивниот напредок откако ќе работат со него, но во Манчестер Сити таа работа не даде резултат во случајот со Калвин Филипс.
Англискиот репрезентативец дојде во Сити од редовите на Лидс Јунајтед, но и натаму не може да се наметне во тиммот во кој има силна конкуренција во средниот ред.
– Марсело Биелса (во Лидс) беше тој што му ги овозможи најдобрите натпревари и форма на Филипс.
– Би сакал да успеев со Калвин така како што успеа Марсело. Ние играме специфично и Филипс често има проблеми да се адаптира, додека стилот на Лидс му одговараше повеќе, – вели менаџерот на Сити.
Суспензијата на Родри и повредите на неколку играчи отвораат простор за Филипс, па се очекува негов настап на дуелот со Њукасл во Лига купот.
– Клубот зборуваше со него бидејќи не добиваше минутажа, но тој отфрли заминување и рече дека сака да остане. Калвин е квалитетен фудбалер, мотивиран е и сака постојано да учи, ќе се обидеме да напредува, – изјавил Гвардиола.