Точно една година по саботажата на рускиот гасовод во Северното море, славниот американски новинар изнесува нови детали од случајот на основа на своите извори во американската разузнавачка заедница.
Белата куќа не одлучила да го разнесе Северниот тек за да ја спречи руската Специјална воена операција или да победи во украинскиот судир, туку тоа го направила од страв дека Германија, а потоа и други НАТО членки ќе се завртат кон Русија, открива новинарот Симор Херш, повикувајќи се на извори од редовите на американските разузнавачки службеници.
Покрај тоа, овој славен новинар наведува дека одредени делови на ЦИА веруваат дека Олаф Шолц бил свесен за плановите за саботажа на гасоводот од самиот почеток.
Пишувајќи на годишнината од саботажата на Северниот тек на својот блог, Херш истакнал дека планот е направен на серија состаноци кои ги свикал Џејк Саливан, советник на Џо Бајден за национална безбедност, кон крајот на 2021-ва година.
Мисијата за детонација на гасоводот била мотивирана од решеноста на Белата куќа да му пружи поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведува Херш и додава дека работната група предводена од Саливен, а која вклучувала и претставници на ЦИА, требало да смисли начин за одвраќање на Русија од започнување на воена операција во Украина.
Славниот новинар нагласува дека од ширењето на руското влијание во Европа преку евтини енергенти Американците стравувале уште од времето на Џон Кенеди.
„Администрацијата за саботажата го предложи Северен тек бидејќи тој е единствен гасовод до кој може да пристапат а да не предизвикаат никакви сомнежи“, вели соговорникот на Херш.
„Нашата претпоставка беше дека претседателот ќе ја искористи заканата за Северниот тек како средство за одвраќање да се избегне војна“, рекол анонимниот разузнавач.
Шолц знаел цело време?
Оттука, како што пишува Херш, изјавите како таа од 27-ми јануари 2022-ра година, кога Викторија Нуланд, како заменик државен секретар за политички прашања на САД, изјавила дека проектот Северен тек, кој тогаш бил 99 проценти готов, нема да продолжи на еден или на друг начин.
Херш исто така потсетува Бајден на 7-ми февруари на заедничка прес-конференција со Олаф Шолц изјавил дека ќе стави крај на Северен тек ако руските трупи ја минат украинската граница, додека Шолц додал дека Вашингтон и Берлин се апсолутно согласни и дека ќе преземат исти чекори кои ќе бидат многу тешки за Русија.
Некои членови на ЦИА сметале дека германскиот лидер тогаш – како и сега – бил сосема свесен за тајните планови за уништување на гасоводот, пишува Херш.
Како што наведува, тоа што неодамна го дознал за целиот план е дека Белата куќа и кажала на работната група на ЦИА дека нема да има моментален напад на Северен тек 2, но дека групата треба да организира поставување на бомби и да биде подготвена да ги активира на барање на Белата куќа, откако почнала војната.
„Тогаш ние“ – малата работна група која, како што наведува Херш, работела во Осло со Кралската норвешка морнарица на проектот – „сфативме дека нападот на гасоводот сепак не е фактор за одвраќање, бидејќи војната веќе беше во тек, а ние никогаш не добивме команда“, наведува анонимниот разузнавач.
Вистинска причина за саботажата
До моментот кога претседателот на САД дал команда да се разнесе Северен тек во септември 2022-ра година, работната група на ЦИА веќе била распуштена.
„Сфативме дека уништувањето на двата руски гасоводи не е поврзано со украинската војна, туку е дел од неконзервативна политичка агенда на САД за Шолц и Германија пред зимата да не се премислат и да го довршат гасоводот до крај“, го цитира Херш својот соговорник.
„Белата куќа се плашеше дека Путин ќе ја придобие Германија, а потоа и Полска“, додава разузнавачот.
Херш потсетува дека по саботажата Вашингтон имплицитно ја обвинил Москва, додека Саливен на брифинг за новинари ветил дека САД со своите партнери ќе ја истражи ситуацијата. Меѓутоа, истакнува славниот новинар, не постојат докази дека Бајден всушност дал наредба работата да се заврши.
„Администрацијата на Бајден ги крена гасоводите во воздух, но таа акција немала многу врска со победа или сопирање на војната во Украина. Тоа е производ на страв во Белата куќа дека Германија ќе го вклучи протокот за рускиот гас – и дека Германија, а потоа и НАТО, од економски причини, ќе паднат под влијанието на Русија и нејзините евтини и обилни природни ресурси. И така дојде до конечниот страв: дека Америка ќе го изгуби својот долгогодишен примат во западна Европа“, заклучува Херш.