Костадинов за резултатот во Струмица: Изборното цунами се разлеа, ова не е обичен пораз, туку тешка брука и политички срам

Макфакс

20/10/2025

12:28

5.335

Големина на фонт

а а а

По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција, објави на социјлните мрежи досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

„Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ.

Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството“.

Posted by Kosta Kostadinov on Monday, October 20, 2025

СДСМ, додава тој, е четврта политичка сила.

„СДСМ не влезе во втор круг во Скопје❗️

Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.

Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема.

Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес.

Mора да се седне на маса“.

За консолидација, но суштинска, како што вели, а не декларативна на прес-конференции, туку вистинска, лице в лице.

„Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ.