Роналдо се ожени со 14 години помлада манекенка

Точка

26/09/2023

17:56

3.977

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Роналдо се ожени со манекенката Селина Локс, која е 14 години помлада од него. Парот направил романтична церемонија на Ибица.

Парот се запознал во 2015-та година и од тогаш е во врска. Во јануари оваа година парот се свршил на одмор во Доминиканската Република, така што венчавката била очекувана.

Убавата Бразилка споделила фотографии од венчавката. Двајцата блескале целосно облечени во бело.

„Ги собираме нашите семејства и најблиски пријатели на свадба во црква, со што ја почнуваме еднонеделната прослава“, напишала во описот на фотографиите.

Непосредно пред тоа, таа објавила снимка од заедничките моменти со Роналдо и порачала дека е најголема љубов на нејзиниот живот.

„Му благодарам на универзумот што се сретнавме. Ти си љубовта на мојот живот. Те сакам“, објавила атрактивната Селина.

На Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, ова му е четврти брак. Долго бил во врска со актерката Сузана Вагнер. Се запознале на снимањето на една нејзина серија и веднаш се заљубиле еден во друг. Две години живееле заедно, но потоа се разделиле. Роналдо потоа се оженил со фудбалерката Милена Домингез. Тој брак траел четири години, а потоа ја запознал Даниел Цицарели. Со неа направил луксузна свадба во Париз, но се развеле по само неколку месеци. Потоа се оженил со Марија Беатриз. Таа открила дека фудбалерот ја изневерува и не сакала тоа да го трпи.

Впечатокот е дека Ронадо сака да биде во брак, но дека нема намера да се задржува ако не оди се како што треба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг