(Видео) Ја испробала скандинавската метода на спиење: Ова ми го спаси бракот

Точка

26/09/2023

16:40

6.905

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерка на социјалната мрежа ТикТок ја испробала скандинавската метода на спиење, а за неа вели дека и го спасила бракот.

Северниот дел на Европа е познат по тоа дека жителите на земјите во тој регион се едни од најсреќните во светот. Така, од кај нив доаѓа и еден начин на спиење кој донел спас за многумина.

Каква е скандинавската метода на спиење?

Оваа метода може да ја применуваат сопружниците или секој оној кој спие во заеднички кревет со уште една личност. Имено станува збор за прекривачот.

Во брачен кревет прекривачот е голем и речиси секогаш едниот партнер го влече повеќе кон себе, додека другиот е малку покриен или не е воопшто покриен.


Идејата за идеален сон на скандинавците е партнерите во брачниот кревет да имаат два помали јоргани или две помали прекривки. На тој начин, секој одбира како ќе биде покриен.

Оваа пракса е популаризирана во Данска, Норвешка, Финска и Шведска.

Тиктокерката Ерика Столмен Дауди споделила видео за начинот на кој таа и партнерот спијат според оваа скандинавска метода и воедно им посочила на нејзините следбеници дека овој начин ќе ве спаси од многу нервози и непроспиени ноќи. Нејзиното видео има повеќе од 3 милиони прегледи.

Многумина биле воодушевени од идејата

На видеото се гледа како таа става нови чаршафи на креветот и два јоргани, што значи дека нема поплаки ако на едното лице му е премногу топло, а на другото е премногу ладно. Луѓето во коментарите биле опседнати со скандинавскиот метод на спиење, кој веќе стана исклучително популарен.

„Мојот сопруг е од Германија и ние отсекогаш го правевме ова, мојот омилен начин да го наместам креветот е да го свиткам секој јорган и да го свртам на страна“, „Кога ќе почнеш да спиеш со две ќебиња, никогаш нема да се вратиш“ , "Ние го правиме ова. Не знам дека има име!" се само дел од коментарите на ТикТок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг