Лионел Меси го пропушти последниот меч против Орландо поради мала мускулна повреда, но додека се рехабилитира од истата, пронајде време да одработи уште едно интервју.
Аргентинецот е апсолутно најголема ѕвезда во САД по пристигнувањето во МЛС лигата и значително ја подигна популарноста на првенството, но 36-годишникот се уште има широка слика за својата кариера и не е убеден дека кариерата ќе ја заврши во Интер Мајами.
Меси уште еднаш нагласи дека има уште една неостварена цел во кариерата, а тоа е истата да ја заврши како актуелен светски шампион играјќи за матичниот Њуелс Олд Бојс.
– Отсекогаш сум размислувал за една идеја и мислам дека веќе сите ја знаете. Сакам да уживам во аргентинскиот фудбал како актуелен светски шампион, сакам да го правам тоа како играч на Њуелс.
– Не размислувам за крајот на кариерата, не знам што ќе правам после фудбалот. Сакам да уживам во моментот, сакам да уживам во тоа што го правам и не размислувам многу за иднината, – вели Меси.