(Фото) Пар достоен за Холивуд: Инфлуенсерката Александра Шијакоска и сопругот Едмонд – како принц и принцеза од бајките во усогласени стајлинзи

Точка

26/09/2023

12:20

5.851

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите модни блогерки во Македонија, битолчанката Александра Шијакоска каде и да се појави плени со својата харизма и ненадминлива убавина.

Александра после животниот „ролеркостер“ којшто го доживеа и надминувањето на големите животни, здравствени препреки, едноставно ужива во животот и деновите ги минува со оние кои најмногу ги сака и најмногу ѝ значат.

Шијакоска неодамна се омажи за својата долгогодишна љубов од училишните денови – Едмонд Весели.

Изминатиов викенд парот блесна, едноставно како да излегле од некоjа бајка која има среќен крај и која долго се памети.

Александра уште еднаш докажа дека има одличен и префинет вкус за мода, а фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм добија многубројни допаѓања и коментари.

Долгиот фустан којшто е дело на дизајнерката Моника Коцарева е со шлиц и тантела, а Александра еднoставно знае како да го износи, а да изгледа магично. Покрај неа блесна и нејзиниот сопруг Едмонд којшто носел класично, црно одело.


Младиот брачен пар изгледа како да излегол од Холивуд.

Дел од коментарите кои можат да се прочитаат под нивните фотографии:

„Преубави“, „Магични“, „Wow… Премоќни сте, фустанот е прекрасен“, „Убавина за душа сте“, „Бајковити фотографии со многу љубов, емоции, отменост“, „Прекрасен пар, фустан и фотографии“...