(Видео) Сите жители на овој европски град мора да се отселат – причината е неверојатна

Точка

26/09/2023

10:08

5.920

Големина на фонт

а а а

По откритието на единственото богатство, шведскиот град Кируна се подготвува за целосна трансформација и преселување на нова локација.

Ова живописно место кое се наоѓа во северниот дел од Шведска, поточно во округот Норботен во регионот Лапонија, имало околу 17 илјади жители според пописот од 2016 година. Но, сега кон нив се отвориле нови можности и предизвици затоа што реткото откритие предизвикало потреба местото целосно да ја смени својата географска положба.

Поединци од Кируна го поддржуваат овој потег: „Можност за подобар живот“

Неодамна се појави веста дека Кируна се наоѓа над најголемиот рудник на железна руда во овој дел на Европа, чии ресурси планирани се да се искористат за производството на батерии за електрични автомобили и ветротурбини. Но, овој извонреден рударски потенцијал сега станува предизвик за самиот град.

Имено, во последните месеци од рудникот секојдневно се вади руда во количина која би можела да се спореди со висина на шест Ајфелови кули. Оваа интензивна експлоатација на ресурсите предизвикува сериозна деформација на тлото во делот на западната граница, а тоа може да ги доведе во опасност жителите на местото зошто има закана дека може да го „проголта“ градот.


Според извештаите, во зградите на болницата и локалното училиште забележани се пукнатини кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на луѓето. Покрај тоа, многу од жителите изразиле поддршка за плановите за преселување, увидувајќи ја можноста значително да го подобрат својот начин на живот, пишува британски „Мирор“.

Планирано е проектот да биде завршен до 2026 година

Планирано е проектот за преместување на Кируна на нова локација која ќе се наоѓа неколку километри источно од сегашната, да биде завршено до 2026 година. Еден од најзначајните објекти којшто ќе биде преместен во рамките на овој проект е и култната црква која била изградена во 1912 година.


Рудникот за железо во овој регион е еден од најголемите во Европа и е способен да произведе речиси 80 отсто од потребните залихи за Европската унија. Заменикот премиер ја нарекол Шведска „рудник на злато“ и ја повикал Европа да извлече поука од оваа ситуација, истакнувајќи ја важноста на независноста од една земја за ресурси и гас, како што тоа го прават многу земји со Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг