Некои ѝ аплаудираат, други се шокирани: Родителската одлука на Дру Баримор што ги подели мислењата на могумина

Точка

26/09/2023

09:50

4.014

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Дру Баримор ја открила својата лекција за родителство која не им се допаѓа на сите, а некои и велат дека е тажно тоа што му го прави на семејството

Познатата американска актерка Дру Баримор, за разлика од повеќето родители ширум светот, деновите пред празници како Божиќ не ги разгледува продавниците за играчки. Имено, таа не бара подароци за ќерката Олив и синот Френки бидејќи нејзините деца не добиваат подароци за празниците.

Како што признала актерката, позната по своите неконвенционални методи на воспитување, нејзината главна цел е нејзините деца да станат добри луѓе, а верува дека ќе придонесе за тоа со тоа што нема да им купува подароци и да им дозволува секакви материјални добра. Наместо материјални подароци, таа им дава патувања и нови животни искуства.


- Мислам дека сите заедно ќе се сеќаваме на места, фотографии и искуства, тоа им го посакувам на моите деца - изјавила Дру Баримор за „Entertainment Tonight“.

Родителите на социјалните мрежи различно реагираат на нејзината одлука - едни сметаат дека актерката имала одлична идеја, а други ја критикуваат.

Една мајка ѝ рекла на Дру дека е тажно што ги лишува децата од голема радост и дека животните лекции и нови искуства може да се стекнуваат во текот на целата година, и дека моментот кога детето ќе го види точно она што го сака под елката е нешто што се случува еднаш во 365 дена.

-Кога бев мала толку се возбудував за подароците под елката што претходната ноќ не можев да заспијам. Беше магично да се отвори подарокот и да се добие куклата за која сонувавте цела година. Кога си постар, божиќните подароци не се толку возбудливи и затоа никогаш не би ги лишила децата од радоста што ја носат – рекла една мајка.