Ѓоковиќ воодушеви српско семејство, а видеото со козата стана вирално: „Доказ дека големите луѓе можат да останат верни на својот народ“

Точка

26/09/2023

09:00

3.151

Големина на фонт

а а а

По освојувањето на УС Опен и пласман на завршниот турнир на Дејвис купот со репрезентацијата на Србија, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, моментално се наоѓа на одмор во Србија.

Ноле го посетил Космај и на една семејна фарма уживал во јавањето коњ и дружење со домашните животни.

На социјалните мрежи се појавило видео на кое српскиот ас гали коза, па многумина ја искористиле можноста да се пошегуваат дека Ноле конечно го запознал својот „роднина“. Имено, на англиски коза е „goat“, што е акроним за „greatest of all time“ (најдобар на сите времиња).

Домаќините на прекрасната фарма која ја посетил српскиот ас биле пресреќни што имаат можност да го запознаат Новак.


„Ни беше голема чест да го угостиме великанот на Србија. Гордоста на нашиот народ, промотoр на добрината, скромноста и позитивната енергија, доказ дека големите луѓе можат да останат верни на својот народ и своите корени. Благодарни сме на дадената можност да го поминеме времето со овој човек“, напишало семејството на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг