Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..

Дерби

25/09/2023

11:43

2.373

Големина на фонт

а а а

Алваро Мората му пресуди на својот поранешен клуб Реал Мадрид и постигна два гола на „Метрополитано“, а за да биде уште поинтересно, напаѓачот енергично ги славеше и јасно покажа дека не чувствува сентименталност кон „кралевите“.

Шпанскиот голгетер постигна два слични погодоци во триумфот од 3:1 и беше избран за играч на натпреварот во големото мадридско дерби, по кое повтори и една незаборавна фраза на Чоло Симеоне.

– Многу сум среќен за овие навивачи на Атлетико. Кажав уште во најавата за дербито дека тие ќе имаат клучна улога. На крајот, така и беше. Атмосферата беше неверојатна, тие притискаа со нас и заедно сме посилни. Ние дадовме се на теренот, а тие на трибините.

– Симеоне на полувреме ни порача дека мора да продолжиме да играме фудбал и да веруваме во себе. Оваа сезона верувам во себе повеќе од било кога и очекувам да продолжиме со вакви победи. Сакам да освојам титула со Атлетико.

– Кога ги постигнав двата гола, помислив само на една изјава на тренерот: Дечињата од Мадрид можат да одат на школо со дресот на Атлетико и треба да бидат горди на тоа, – заврши Мората.