Ровињ, 23 септември 2023 година – Салите исполнети до последното место, атрактивни предавачи и панелисти од 15 земји во светот и вљубеници во Weekend атмосферата и најдобрата фестивалска програма го одбележуваат овој викенд во Ровињ и 16. издание на Weekend Media Festival под генерално покровителство од Адрис Груп.
На теми од областа на креативниот бизнис, медиумите, вештачката интелигенција, маркетингот и социјалните мрежи уште денес се разговара во просторот на старата Фабрика за тутун, каде ќе се добијат одговорите на најактуелните прашања и трендови на модерниот бизнис, како и веќе загарантираната забава на најдобриот Weekend во годината.
Публиката беше толку воодушевена од оригиналниот Волк од Волстрит, Џордан Белфорт, кој се јави преку видеоповик од Мајами и одговори на прашањата дали продажбата може да се научи и како да се прифатат неизбежните грешки во бизнисот. „Целиот успех започнува со она што го имате во вашата глава. Она што е важно е како да управувате со својата емоционална состојба и како се терате себеси да бидете најдобрата верзија од себе“, порача Белфорт.
Сосема поинаков поглед на светот го овозможи единственото предавање на воениот фотограф, Јан Граруп, чија работа опфаќа децениско искуство во фотографирање воени средини и природни катастрофи. Граруп смета дека фотоновинарството е една од најмоќните алатки за пренесување на драматичните приказни на светот, како и тоа дека квалитетното воено новинарство не треба да дава одговори, туку да ги поттикнува луѓето да поставуваат прашања.
Вовед во својот деловен пат ни даде и кралицата во светот на луксузната мода, Тања Голешиќ, која во разговор со Јелена Вељача на панелот „Rules of the luxury market“, објасни на какви сè препреки се соочувала на нејзиниот деловен пат и како се гради луксузен моден бренд во светот кој брзо се менува. „Ако не сакаш промени, модната индустрија не е за тебе!“ заклучила Голешиќ.
Инспиративното предавање на Аљоша Багола, поранешниот креативен директор и признаен експерт за личен развој ја потсети публиката дека денешната технологија честопати нè става во ситуација да секогаш мора да бидеме достапни на своите мобилни уреди, а пораките и повиците секогаш започнуваат со извинување затоа што не сме биле во моментот достапни, па на публиката беше наметнато прашањето – мора ли да бидеме толку зависни од нашите телефони?
Weekend ја продолжува низата на добро расположение и носи нови актуелни теми. Во саботата започна FINTECH темата на панелот „FINTECH – future of banking“, на кој Максимилијан Тајентал, потпретседател менаџмент и оперативен директор на N26 AG, Хрвоје Ќосиќ, извршен директор на „Aircash“ и Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка, под модераторска палка на деканот на ZŠEM, Мате Њавра, открија што мислат за понатамошниот развој на дигиталните пари, но открија и некои интересни податоци. „Иднината на банкарството е дефинитивно дигитална, трансформацијата течеше од офлајн во онлајн, а потоа се прелеа во доменот на паметните телефони. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјавил Тајентал.
Деканот на ZŠEM ќе разговара и со Кишоре Махбубани, поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН и експерт за меѓународни односи, па на панелот „Je li (se) Zapad izgubio“, ќе отвори дијалог за клучните прашања на современото општество под влијание на предизвиците како што се војната во Украина, климатските промени и технолошкиот напредок.
Тема ќе бидат и претстојните избори за Европскиот парламент, па така главниот директор на службата за комуникација и портпаролот на Европскиот парламент, Jaume Duch Guillot, на панелот „Nemoj scrollati, zaokruži“ со модераторот Хрвоје Крешиќ, репортерот на Нова ТВ, ќе се погрижат публиката да добие слика за исклучително предизвикувачкиот геополитички контекст во кој ќе се води следната година, но и да младите гласачи сфатат колку нивните гласови и излезност се важни за изборите.
Сабота носи и неколку панели со медиумска тематика, а еден од нив се вика „Nešto staro, nešto novo“, на кое експертите од телевизиската индустрија ќе разговараат за искуството со преминот од телевизијата на социјалните мрежи, додека панелот „Kontroverzni poduzetnik“ ќе ја допре темата за начинот на кој медиумите ја обликуваат перцепцијата за претприемачите.
Александар Станковиќ ќе ја претстави книгата „Депра“ и ќе зборува за ставот кон болеста со која живее повеќе од 10 години.
Панелот „Open about AI“ ќе ги собере најдобрите домашни експерти од областа на вештачката интелигенција а Борис Јокиќ, директор на Институтот за социјални истражувања, со предавањето „Bit će skoro propast sveta“ ќе одговори дали растењето, младоста и образованието можат да ја преживеат вештачката интелигенција и ТикТок?
Сабота носи и доза смеење со најдобрите регионални стендап комичари, Горан Винчиќ, Тино Водопивец, Пеѓа Бајовиќ и омилениот новинар и водител Зоран Кесиќ, кои ќе го претстават панелот „Što je tu smiješno?“.
Регионални теми ќе допрат и учесниците на панелот „Trap od Vardara pa do Triglava“, кој успеа да влезе во мапата на најстримуваните музички жанрови во светот, како и нашиот регион. И додека на истоимениот панел ќе се разговара за 2024 година – годината на спортот, публиката во Ровињ сигурно ќе се смее на неколкуте гафови на Хрвоје Бујас во програмското финале на Weekend. 16 заедно со претседателот на UGP, Јошко Локас, водител и продуцент на ХРТ, Никола Дујмовиќ, основач и директор на Span и Хрвоје Ќосиќ, CEO на Aircash, кои на новинарот и претприемачот Петар Стефановиќ ќе му ги откријат своите помалку успешни приказни како дел од панелот „Pušiona 2.0“.
Саботата ќе ја заокружи уште една вечер на најлуда атмосфера, овојпат со холандско-новозеландската сензација, бендот My Baby, кој долго време ја освојува хрватската публика со своите бројни настапи. А за забавата до утринските часови ќе се погрижат Диџеј Медо и Турк, Зембо Латифа и специјалниот гостин на RNB Confusion, кој оваа година одбележува 20 долги години на одлични забави.
Повеќе детали, како и целата програма за викендот можете да најдете ТУКА, а сите новости можете да ги следите по пат на службените Фејсбук, Инстаграм и Линкедин профили на фестивалот.