Кристијано: Велат дека Роналдо е готов, но……

Дерби

23/09/2023

16:16

3.416

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо продолжи да решета во Саудиска Арабија и вчера стигна до деветтиот гол на стартот на новата сезона, во која Ал Наср ќе се обиде да стигне до титулата.

Триумфот од 4:3 во дербито со Ал Ахли беше петта победа во низа за Ал Наср, а Роналдо кој постигна два гола на овој меч говорел и за плановите кои ги има кога е професионалниот фудбал во прашање.

Роналдо засега ужива во Саудиска Арабија и не размислува за пензија, па сега самиот вели дека ќе се премисли дури кога ќе почувствува дека нозете не одговараат онака како што размислува со главата.


– Велат дека Роналдо е готов, но не е така. Ќе продолжам да играм се додека нозете не ми кажат: Кристијано, готово е!

– Се уште имам што да покажам и што да понудам, се уште го сакам фудбалот и уживам кога давам голови. Велат дека сум готов, но на секој меч им покажувам дека грешат, – изјавил Роналдо по триумфот од 4:3.