Тешката судбина на жената од една од најпознатите светски фотографии: Искористена била за слава, Талибанците ѝ се заканувале...

Точка

22/09/2023

20:01

6.996

Големина на фонт

а а а

„Авганистанската девојка“ е една од најпознатите фотографии на сите времиња. На неа се наоѓа Шарбат Гула која за жал доживеала тешка судбина.

Спомнатата фотографија е од 1984 година, а ја забележал Стив Мекари, фотограф на „National Geographic“ којшто тогаш работел на приказната за авганистанската мигрантска криза.

Тој „ја уловил“ оваа можност во шатор кога ја фотографирал Шарбат која тогаш имала само 12 години.


Со оглед на тоа што сѐ се одвивало многу брзо, тогаш не успеал да го дознае нејзиното име. Фотографијата завршила на насловната страница на спомнатиот магазин, а подоцна бил откриен идентитетот на девојчето.

Утврдено било дека фотографот немал дозвола да ја фотографира, што е во спротивно со културата на тој народ каде жените не треба да го покажуваат своето лице на мажите кои не се дел од нивното семејство.


Многумина сметаат дека Шарбат била искористена. Мекари станал светски познат, а таа живеела во сиромаштија. Се откажала од школување и се омажила за пекар кога имала само 13 години. Со семејството побегнала од Авганистан, родила четири ќерки и еден син. За жал, една од нејзините ќерки починала.

Мекари во 2002 година тргнал во потрага по девојчето. Успеал да ја пронајде и да го дознае нејзиниот идентитет. Меѓутоа, критиките на негова сметка и натаму се нижеле зошто бројни луѓе мислеле дека не ѝ се оддолжил доволно.

Тој тогаш повторно ја фотографирал. Таа рекла дека немала поим дека во меѓувреме станала позната. „National Geographic“ тогаш ги покрил трошоците за лекување на нејзиното семејство.


Сопругот на Шарбат починал од хепатитис, а Пакистанската истражна федерална агенција во 2016 година ја уапсила Шарбат затоа што живеела во Пакистан со фалсификувани документи. Осудена била на 15 дена притвор и парично казнета, но и депортирана во Авганистан.

Поранешните претседатели Ашраф Гани и Хамид Карзаи неа и нејзините деца ги пречекале во Кабул во палатата. Владата ѝ ветила дека ќе ѝ даде финансиска поддршка. Во декември 2017 година добила куќа од 280 метри квадратни и 700 долари месечна стипендија за живот и медицински трошоци.


Откако Талибанците во 2021 година го зазеле Кабул, почнале да ѝ се закануваат на Шарбат и другите славни жени. Кон крајот на истата година во Италија ѝ бил одобрен статус на мигрант.