(Видео) Турскиот претседател Ердоган на Илон Маск му поставил непријатно прашање: На милијардерот не му било сеедно, еве што му одговорил

Точка

22/09/2023

18:29

8.395

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Илон Mаск неодамна се состанале во Њујорк, а видеото од нивниот разговор станало хит на социјалните мрежи.

Ердоган на милијардерот му го поставил следното прашање: „Каде е твојата сопруга?“, а на видеото се гледа како на Маск му било непријатно.

„Таа е во Сан Франциско, но разделени сме. Главно јас се грижам за него“, одговорил милијардерот којшто на состанокот стигнал со синот X Æ A-12, едно од трите заеднички деца кои ги има со Грајмс.

Потоа Ердоган му пришол на мелечкото детенце и му дал топка, а Маск рекол дека син му малку се срами.

„Ердоган очигледно е фан на Грајмс“, „Ердоган се надевал дека ќе ја види Грајмс“, „Замислете ја Грајмс во ова опкружување“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Да ве потсетиме, Mаск со Грајмс има уште две деца, едногодишната ќерка Eкс Дарк Сидераел, чиј прекар е Y и синот Тен Механикус, за чие постоење неодамна се дозна јавно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг