Контролирајте ги уредите и апаратите за домаќинството во вашиот паметен дом со еден клик

Точка

22/09/2023

20:20

9.715

Големина на фонт

а а а

Грижата за себеси, меѓу другото, се огледува и во тоа како се грижите за вашиот дом, кој, доколку ги изберете вистинските уреди, може во голема мера да го олеснува вашето секојдневие додека истовремено уживате во благодетите на модерното живеење.

Да започнеме од најмалите уреди од кои не делиме: мобилните телефони. Секој пат кога се одлучувате за Samsung Galaxy телефон, имајте на ум дека со неги би можеле да контролирате или да управувате со многу други уреди и апарати во вашиот паметен дом како со далечински управувач, бидејќи сите тие можете да ги поврзете во еден екосистем. Корисниците на уреди од Samsung Galaxy веќе знаат дека нивниот телефон, таблет, часовник се дизајнирани да работат беспрекорно заедно и да ја подобрат нивната секојдневна употреба, уживајќи во едно навистина посебно и моќно искуство во еден екосистем.


Освен што од вашиот Galaxy Z Flip5 со најголемиот надворешен екран досега на flip телефон на преклоп, или Galaxy Z Fold5, најлесниот и најкомпактен Galaxy fold досега, лесно ќе можете да префрлувате содржини на вашиот таблет од новата серија Galaxy Tab S9 која поставува нови стандарди во категоријата премиум таблети со моделите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra , исто така ќе можете и да навигирате со вашиот Neo QLED или OLED телевизор на Samsung производителот кој 17 години по ред е водечки, број 1 бренд за телевизори во светот, и да си ја подесите цела атмосфера за уживање во вечерниот филм. Било која друга содржина или додека стримате на вашиот телефон, со еден тап сето можете за миг да го пренесете на екранот од многу инчи. Вашите Samsung телевизор и вашиот телефон доаѓаат и со зајакната безбедност во облик на сигуроносниот систем Samsung Knox како одлично решение за елиминирање на загриженоста за безбедноста на паметните телевизори и телефони. Samsung Knox сега е интегриран во телевизорите на Samsung и носи многу придобивки кои го редефинираат корисничкото искуство.

Но, поврзаноста на вистински начин ќе ја осетите и со останатите уреди во вашиот дом. Samsung тоа феномално го изведе на својата линија Bespoke уреди за домаќинството, кои интегрирани во вашиот телефон ви дозволуваат и од далечина да им давате команди. Ќе можете од телефонот да вклучувате, исклучувате, следите, дури и да менувате програми, не само на вашата паметна Bespoke машина за перење алишта со AI Ecobubble, туку и на Bespoke рерната со двојно готвење и природна пареа. Ќе имате можности да готвите и парете истовремено со помош на Dual Cook Steam функцијата, да готвите во две посебни зони од рерната со Dual Cook Flex како да имате две посебни рерни кога тоа ви е потребно, да пржите на воздух со Air Fry и со тоа да конзумирате поздрава храна.


Воедно, не треба да се грижите ниту за количината на храната која можете да ја зготвите, бидејќи оваа рерна има капацитет од 76 литри. Но кујната не е комплетна без фрижидерот Samsung Bespoke чиј дизајн на секој начин е привлечен и посебен и заслужено ја носи титулата безвременски дизајн! Но тоа не е единственото нешто кое го прави Bespoke фрижидерот посебен. Неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро од останатите и затоа ви се овозможени две температурни зони, а фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност. Функцијата All Around Cooling ви овозможува рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, а за одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација. Толку едноставно, а толку корисно.


И најглавната алатка за одржување на хигиената во домот ја имате во форма на Bespoke Jet™ AI стик правосмукалката со најмоќниот вакуумски мотор на Samsung со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 720 W. Оваа фантастична стик правосмукалка поседува и вештачка интелигенција која овозможува анализање и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата која има 80% поголем капацитет од претходниот модел, SmartThings и Smart Wi-Fi поврзување, со што лесно ќе ги приспособите поставките и функциите на својот уред, како и опција за паметна самодијагностика за одржување на врвните перформанси.

Концептот апаратите во вашиот паметен дом, вклучително и линијата на производи Bespokе не е одраз само на технологиите и функционалностите, туку ги вклучува и различните потреби, вкусови и начини на живот на сите корисници. Затоа сéвкупното искуство со поврзаните уреди и апаратите за домаќинството значително ќе ви го олесни животот во домот и надвор од него. Оваа визија е втемелена во секој производ на Samsung, а резултат на тоа се безброј задоволни корисници насекаде низ светот.


Повеќе за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/ https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/all-refrigerators/?bespoke

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-6series-dual-cook-flex-full-steam-6series-dual-cook-flex-nv7b6795jak-u3/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/bespoke-ai-laundry/

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/



Спонзорирани линкови

Маркетинг