Тел е млад француски репрезентативец кој во летото 2022-ра година пристигна во Баерн од Рен, потпишувајќи договор до 2027-ма година. Ова му беше 34-ти настап и деветти гол за првиот тим на Баерн, но и премиерен гол во Лигата на шампионите.
Баерн го победи Манчестер Јунајтед со 4-3 во првото коло од групата А во Лигата на шампионите. Минхенскиот клуб по натпреварот објавил снимка на која Матис Тел по натпреварот кренал дете од трибините и го симнал на теренот. Детето во рацете држело натпис на кој пишувало: „Може ли, те молам, да го добијам твојот дрес?“. Младиот напаѓач му го подарил дресот и разговарал со него.
Лерој Сане, Серж Гнабри и Хери Кејн ги постигнаа првите три гола, додека стрелец за Јунајтед беше Расмус Хојлунд. Драматична завршница обезбеди Касемиро со два гола, но меѓу нив еден гол постигна Матис Тел и така го реши натпреварот во кој Баерн беше подобар тим.
Was ??? ??? ??? bedeutet. ♥️ #FCBayern #UCL pic.twitter.com/gWvFKBtHB1
— FC Bayern München (@FCBayern) September 21, 2023
Тел го заби првиот гол во Лигата на шампионите
Тел е млад француски репрезентативец кој во летото 2022-ра година пристигна во Баерн од Рен, потпишувајќи договор до 2027-ма година. Ова му беше 34-ти настап и деветти гол за првиот тим на Баерн, но и премиерен гол во Лигата на шампионите.
Тренерот Томас Тухел го фалеше после натпреварот: „Кога и да влезе во игра, дава гол. Ситуацијата е нефер кон него, заслужува да игра во првиот тим. Но, голема предност е да се има играч кој секогаш по влегувањето прави таква разлика. Даде прекрасен гол. Имаме натпревари на секои три дена, прашање на момент е кога ќе почне од првата минута“.