Соларната сонда „Parker“ на „NASA“ направила неверојатна снимка од една од најмоќните соларни ерупции, нудејќи витален увид во исфрлањето на коронарна маса и други соларни феномени.
Во спектакуларниот прелет покрај Сонцето, сондата „Parker“ успешно го снимила погледот од блиску на масивната соларна ерупција. Научниците од Лабораторијата за применета физика „Johns Hopkins“ (APL) објавиле неверојатно видео кое бележи моќно исфрлање на коронарна маса (CME) кое се случило минатата година.
„CME“ се експлозивни настани од супрежешка плазма која избива од Сончевата атмосфера и која може да предизвика снемување на радиосигнали и други нарушувања на Земјата. „NASA“ забележала дека „CME“ на кој наишла сондата „Parker“, воедно бил еден од најмоќните „CME“ некогаш забележани.
Најбрзо вселенско летело
Сондата „Parker“, посебно дизајнирана за истражување на Сонцето, се истакнува како најбрзо вселенско летало во историјата и може да се приближи до Сончевата површина до 6,4 милиони километри и да ги преживее екстремните услови на таквиот прелет. Единствените можности на сондата и овозможиле не само да ги издржи ерупциите, туку и да го сними целиот спектакуларен настан.
Ерупциите може да исфрлат магнетни полиња и да пуштат милијарди тони плазма со големи брзини, во распон од 97 до 4.667 километри во секунда. Во случај со „CME“ набљудувана во септември 2022-ра година, честичките забрзувале со брзина до 1.352 километри во секунда. Тие вредни податоци им помагаат на научниците да стекнат подлабоко разбирање на силата која стои зад ерупциите и забрзувањето на честичките.
Намерно дизајнирана за екстремни услови блиску до Сонцето
Џим Кинисон, инженер во составот на мисијата „Parker Solar“ во „APL“, нагласил дека сондата е намерно дизајнирана да ги издржи високите температури на Сонцето. Со приспособен топлински штит и автономен состав за заштита од Сончевите емисии, сондата „Parker“ успешно ја открила ерупцијата кога била на 9,12 километри од Сончевата површина. После тоа, сондата го следела ударниот бран на ерупцијата речиси два дена, излегувајќи неоштетена од таа средба.
Во текот на настанот, научниците на „NASA“ го истражувале влијанието на соларните бури на меѓупланетарната прашина, честички кои лебдат во вселената. Нивното истражување има за цел да открие како тие интеракции влијаат на прогнозите за вселенското време. Рас Хауард, физичар од „APL“, ја истакнал важноста на нивното истражување за тоа дали меѓупланетарната прашина го менува обликот и брзината на „CME“, што е аспект кој допрва почнува научно да се сфаќа.
Сондата „Parker“ и претходно им пружила на научниците драгоцени увиди во разни соларни феномени, вклучувајќи го потеклото на соларниот ветер.