Иницијативата „Chen Zuckerberg“ која сопственикот на „Meta“ ја започнал со сопругата Присила Чен, објавила дека ќе користи компјутерски системи за создавање на достапни модели на вештачка интелигенција.
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, планира да создаде компјутерски систем кој работи на вештачка интелигенција за истражување на природни науки кои се занимаваат со проучување на човечки клетки и болести.
Иницијативата „Chen Zuckerberg“ која сопственикот на „Meta“ ја започнал со сопругата Присила Чен, објавила дека ќе користи компјутерски системи за создавање на достапни модели на вештачка интелигенција, пренесува „Reuters“.
Вештачката интелигенција веќе неколку години се користи во доменот на природните науки. Меѓу популарните платформи, „AlphaFold“ на „DeepMind“ може да предвиди протеински структури, додека „RadImageGAN“ на „Nvidia“, „AI“ модел за радиологија, може да препознае широк спектар на медицински состојби, вклучувајќи мозочен удар, срцев удар и рак.
Системот ќе биде базиран на групи од податоци од софтверската алатка „CZ Cell x Gene“, како и ресурсите од две мрежи: „Chen Zuckerberg Biohub network“ и „Chen Zuckerberg Institute for Advanced Biological Imaging“, пренесува „Tanjug“.