Осамнала нова тајна за конфликтот меѓу Надал и Ѓоковиќ: Новак и Рафа „завојувале“ надвор од теренот поради милиони!

Точка

19/09/2023

16:37

5.946

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал со години се големи ривали.

Србинот и Шпанецот воделе жестоки битки на теренот, но тие се сè поретки поради здравствената состојба на Рафа и честите повреди. Ноле го задржа својот континуитет, успеа да го престигне „Бикот од Мајорка“ по бројот на Грен слем титули и испрати јасна порака до јавноста дека, барем кога се гледаат резултатите, тој е апсолутен GOAT на теренот.


Ѓоковиќ и Надал имале професионален однос и покрај тоа што никогаш не биле големи пријатели, а со текот на времето тој станувал сè полош и полош. Рафаел Надал го допрел дното со последните изјави за српскиот тенисер, а српски „Курир“ откриле од кога датира конфликтот меѓу Шпанецот и Србинот, како и која е причината за истиот.



Сега објавиле нови ексклузивни откритија – на површина излегла уште една тајна за конфликтот помеѓу Новак и Надал. Како што дознава „Курир“, тие двајца битките од теренот ги пренеле на бизнисот, па сега и двајцата сакале да го купат тенискиот центар „Маноло Сантана“ во Марбела, кој вреди милиони евра.



По сознанијата на „Курир“, Новак сакал да се вдоми со овој прекрасен шпански град, каде што веќе некое извесно време живее неговиот брат Марко, па „фрлил око“ на споменатиот спортски комплекс, кој покрај тениските терени содржи и терени за падел, сквош и фудбал, како и теретана и базен.


До овој комплекс сакал да дојде и Рафаел Надал, па сега Србинот и Шпанецот ќе водат жестока битка и на деловен план. Овој конфликт дополнително ги подгреал тензиите меѓу семејствата Ѓоковиќ и Надал, а дали некој ќе дојде до споменатите терени – останува да видиме.