„Оваа девојка е за женење“: Млада келнерка на Октоберфест го освои интернетот со еден потег

Точка

19/09/2023

10:42

13.806

Големина на фонт

а а а

Во Минхен во саботата е отворен најголемиот фолклорен фестивал за пиво на светот, Октоберфест.

Како што пишува „Fenix-magazin“, цените на познатиот фестивал никогаш не биле повисоки. Пивото оваа година чини помеѓу 13,20 евра (Museumslzelt) и 14,50 евра (Käfer). Поскапеа и безалкохолните пијалаци, па така 1 литар вода изнесува 10 евра, а 1 литар лимонада од 8,20 до 12,40 евра.

Но, без оглед на високите цени, се очекува дека и оваа година ќе бидат испиени околу 7 милиони литри пиво. А за жедните посетители да не останат без омиленото пиво, се грижат околу 1800 вработени келнери и келнерки.

А како изгледа работата на келнерка на Октоберфест, најдобро прикажува ова ТикТок видео. Неверојатната снаодливост, но и силата на младата келнерка ги воодушеви бројните корисници на ТикТок, кои нижеле комплименти во коментари.

„Секоја чест девојко“, „Јас би можел евентуално 3 кригли да кренам“, „Каква професионалка“, „Оваа девојка е за женење“, се само дел од коментарите.