Ултрапопуларната веб-страница „World of statistic“ објавила интересни податоци за најубавите градови во светот. Убавината на еден град, се разбира, е невозможно да се измери, но тимот на „WOS“ вели дека Венеција има повеќе од 83,3% во оценките за убавина.
По Венеција следат Рим со 82% и Барселона со 81,9%. На четврто место е Прага, а на петто Њујорк.
The world’s most beautiful cities (beauty score):
— World of Statistics (@stats_feed) September 18, 2023
🇮🇹 Venice: 83.3%
🇮🇹 Rome: 82.0%
🇪🇸 Barcelona: 81.9%
🇨🇿 Prague: 78.7%
🇺🇸 New York: 77.7%
🇬🇷 Athens: 77.5%
🇭🇺 Budapest: 75.9%
🇦🇹 Vienna: 75.8%
🇫🇷 Bordeaux: 75.3%
🇮🇹 Milan: 75.1%
🇸🇪 Stockholm: 74.8%
🇫🇷 Paris: 74.7%
🇮🇹 Florence:…
Инаку, Венеција следната година планира да воведе билети од 5 евра за еднодневните патници, како би се обидела да го менаџира пристигнувањето на туристите, соопштил градскиот совет. Билетот ќе се воведе пробно 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните одмори и летните викенди, кога бројот на туристи е на врвот. Би го плаќале сите посетители постари од 14 години.
Прекумерниот туризам долго време е проблем за кревкиот лагунски град. Експертите на УНЕСКО во јули ја препорачале Венеција и нејзината лагуна да се додадат на листата на загрозено светско наследство и тврдат дека Италија не прави доволно за да го заштити градот од ефектите на климатските промени и масовниот туризам.