Извесен австралиски тинејџер отворил кафуле веднаш по завршувањето на средното училиште и открил дека никој не доаѓал во неговиот објект, сè додека не почнал да објавува видеа на „ТикТoк“.

Точка

18/09/2023

17:18

5.706

Големина на фонт

а а а

Том Освалд (18) го отворил своето кафуле „Homeboy“ во Хандорф во јули и оттогаш го документира неговиот напредок.

Освалд има објавено серија видеа каде секојдневно го промовира кафулето, за да не се обесхрабрува од недостатокот на муштерии. Во едно од своите први видеа, тинејџерот признал дека првите неколку дена никој не доаѓал во кафулето освен членовите на семејството и неколку пријатели.


„Кафулето понекогаш може да биде малку тивко, но тоа е нешто што целосно го очекувам и не се откажувам поради тоа. Тивките денови ми даваат време за размислување и истражување, а динамичните ме учат на важноста на ефикасноста“, изјавил тој за news.com.au.

Искрените видеа на Освалд за неволјите на кафулето за кратко време станале витални на „ТикТок“ при што илјадници луѓе го бодреле да продолжи и покрај неговиот слаб почеток. Некои ветиле дека ќе го посетат кафулето, додека други предложиле начини за привлекување повеќе гости – како студентски попуст и подолго работно време.


Ја прославил првата резервација

„Ти си толку инспиративен, јас имам 17 години и сакам да отворам кафуле. Само така продолжи, човеку“, напишал еден. „Никогаш не ми се допаднало толку многу кафуле што се наоѓа на другата страна од Земјата“, бил коментарот на друг. Со неговата новостекната „тикток популарност“, бизнисот конечно тргнал нагоре.


„Корисниците на „ТикТок“ го одржуваат жив мојот сон“, им порачал тој на своите следбеници седмиот ден. Неколку недели подоцна, Освалд ја прославил својата прва резервација и се снимил како гордо го става знакот „резервирано“ на масата.


Тинејџерот им кажал на своите следбеници како бил инспириран да започне сопствен бизнис работејќи во кафуле за време на средното училиште. „Научив еден куп вештини кои можев да ги користам секаде“, бил искрен тој. Потоа му се создала прилика да отвори кафуле во простор кој веќе бил опремен.

Освалд раскажал дека посетил дестици кафулиња како би го истражил пазарот и побарал совет од другите сопственици. Тинејџерот ги охрабрил своите следбеници велејќи „Кога се плашите да скокнете, скокнете“. „Не бев сигурен дали можам сам да водам кафуле, но сакав да си поставам предизвик себеси“, навел овој млад сопственик.