Пејачите и актерите кои денес владеат со јавната сцена, се потсетиле на пеховите кои ги имале во текот на своето образование.
Пејачката и победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ пред извесно време изјавила дека поради големата љубов кон музиката била испратена да полага класен испит по 4 предмети.
Пејачката основно и средно училиште завршила во родниот Крагуевац. „Ја избрав гимназијата, само затоа што беше во зградата веднаш до музичкото училиште“, изјавила своевремено Марија и додала дека првите две години ѝ биле одлични, а потоа повеќе била пред училиштето отколку внатре во него, затоа што се разбудил нејзиниот интерес за музиката.
Бог самиот ми го испрати наставникот Миланко Стефановиќ да ми биде класен раководител, бидејќи ме покриваше кога попуштив на училиште. Беше музичар во слободно време, свиреше романси на хармоника, па ја сфати мојата потреба за музика. Другите професори не беа благонаклонети кон мене како тој. Тренираа многу строгост на мене. Да бидам искрена, од средното училиште не носам фантастични спомени, бидејќи професорите немаа разбирање за мене“, изјавила таа во едно интервју.
Марија не е единствената која имала проблеми на училиште, па Милош Биковиќ, актерот кој е најангажираниот актер во Русија во последните неколку години, паднал на поправниот испит по руски јазик!
„Класната во гимназијата ми предаваше руски и во првата година ме падна, ми заклучи единица. Подоцна се заљубив во рускиот јазик, го открив Достоевски, ги читав неговите дела и размислував како би било да сум еден од неговите херои, некој исповедник“, изјавил своевремено Биковиќ. Членовите на „Плави оркестар“ за малку не ја паднале годината во средното училиште поради физичко образование.
Саша Лошиќ Лоша и гитаристот Младен Павиќ Пава, влегле во историјата на „Првата сараевска гимназија“ како единствени ученици кои паднале на поправниот испит по физичко образование. До пред генерацијата на Лоша, само Брега имал најниска оценка по физичко.
„Пава и јас паднавме на поправниот бидејќи не доаѓавме на часови по физичко образование цела година. Професорот ни даде најниска оценка и кажа: „Ова некако морате да го направите“. Ни зададе да ископаме канал за водовод кој во текот на летото се поставуваше во училишниот двор. Брега, исто така, десет години претходно го падна овој предмет. Ние сме единствените тројца ученици во историјата на „Првата сараевска гимназија“ кои за малку ќе изгубеа година поради физичкото образование“, се присетил Лоша.