(Фото) Додека другите се разведуваат, нивната љубов е посилна од некогаш: Славниот пејач и манекенката ги обновија заветите по 10 години брак

Точка

18/09/2023

16:25

5.324

Големина на фонт

а а а

Додека другите познати парови се разведуваат, а под „други“ мислиме на Софија Вергара и Џо Манганиело, па на Џо Џонас и Софи Тарнер и Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес, љубовта на овој пар изгледа дека цвета.

Криси Тајген и Џон Леџенд вчера ги обновија своите брачни завети, 10 години по венчавката - на истото место каде го кажале судбоносното „да“.

Свечениот настан се одвивал во вилата „Pizzo“ покрај езерото Комо во Италија.


„Пристигнаа со брод... Беше неверојатно да се видат сè уште толку среќни заедно. Џон Леџенд и Криси Тајген излегоа на балконот и ги поздравија сите гости, а тој подоцна одржа краток говор. Се танцуваше, на брегот на езерото беше поставен бар и беше многу елегантен, многу класичен настан“, раскажал инсајдер и додал дека насекаде имало многу цвеќе.

На романтичниот настан присуствувале и постарите деца на Криси и Џон - парот има 4 деца, но две од нив ќе мора да почекаат уште некоја година за да се појават во јавноста со своите родители.


Џон Леџенд кој во 2013 година го отпеа хитот „All of Me“ која е омилена песна на бројни љубовни парови, ја запознал својата сопруга на снимањето на спотот „Stereo“. Криси Тајген се појави во екранизација на познатата ултимативна химна на љубовта, а вчера во Италија носела проѕирен елегантен фустан во црна боја.