Како на едноставен начин да разликувате мудра и паметна жена од површна? Моќната реченица на познатиот филозоф ќе ви помогне во тоа

Точка

18/09/2023

14:42

8.211

Големина на фонт

а а а

Многумина се прашуваат како да разликуваат мудра од површна жена, а познатиот филозоф го дава одговорот на ова прашање.

Еднаш одамна, постоела една интересна приказна која говорела за ситуацијата во која синот довел три девојки дома кај својата мајка за да ги запознае со неа.

Меѓу нив имало само една која била негова вереница, додека останатите две биле само негови пријателки.


Мајката била задолжена да погоди која од трите девојки е вереницата на нејзиниот син.

Додека сите заедно седеле, разговарале и пиеле чај, синот ја прашал мајка си дали успеала да погоди која од девојките е негова вереница.

Мајката воздивнала и рекла дека погодила, но дека не била воодушевена од неговиот избор. Сепак без оглед на мајчините чувства, синот одлучил да се ожени со својата избраничка. Често се случува децата да не ги следат советите од своите родители, колку и тие да се мудри и искрени. Во овој случај, без оглед на мајчиното пророштво, синот и натаму го продолжил патот со својата вереница.

Но, како што поминувале годините, љубовта која се чинела толку моќна на почеток, постепено се губела.

Сега се поставува прашањето: Како мајката можела да знае толку само преку еден разговор со девојката? Вистината е многу едноставна.

Како што луѓето созреваат и стануваат постари, тие почнуваат да ја канализираат и контролираат својата енергија, не трошејќи ја на бескорисни работи туку зголемувајќи ја својата интуиција.


Бертранд Расел многу мудро ја кажал теоријата во една реченица:

„Степенот на емоционални реакции е обратно пропорционален со сознанијата за фактите. Колку помалку знаете, побурно реагирате“, рекол тој.

Со други зборови колку повеќе вашето знаење е ограничено, толку вашите емоционални реакции се поинтензивни.