Се зборуваше дека се само „церемонијален пар“: Најтажната европска принцеза првпат проговори јавно за својот брак со принцот

Точка

18/09/2023

22:29

7.263

Големина на фонт

а а а

Односот на принцезата Шарлин и принцот Алберт повторно е во центар на внимание, а француските медиуми неодамна пишуваа дека таа живее во друга држава и дека сопругот го гледа „по договор“.

Иако вообичаено таа молчи за работите кои протекуваат во јавноста, овојпат одлучила да проговори.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин од Монако често се на мета на критики, а неодамна се појавила веста дека тие всушност не живеат заедно.


Француски медиум тврди дека неодамнешната олимписка пливачка и мајка на принцот Жак и принцезата Габриел, престојува во Швајцарија и дека сопругот принцот Алберт II го гледа исклучиво „по договор“.

Поради тоа странските медиуми ги нарекуваат „церемонијален пар“, а наводно тоа не влијае на нивните деца затоа што тие се добри партнери во заедничката грижа за близнаците.


Кнежевската палата не се огласувала по повод на таа вест, но Шарлин и Алберт почнале да се појавуваат заедно речиси секојдневно, однесувајќи се како во нивниот брак да е сѐ во ред.

Овојпат принцезата од Монако одлучила јавно да проговори за својот однос со сопругот, па за медиумите изјавила дека е „среќна и спокојна“.


„Шарлин е секогаш покрај мене. Не ги сфаќам овие шпекулации кои ме повредија, за тоа дека таа живее на друго место, во Швајцарија, дека се гледаме по договор. Тоа се лаги“, изјавил принцот Алберт.

Шарлин за „Monaco Matin“ истакнала дека сега е во одлична состојба по здравствените проблеми и дека наскоро ќе се врати на спортот за да има повеќе енергија и да се чувствува помоќно.


Инаку, принцезата Шарлин и принцот Алберт се запознале во далечната 2000 година додека таа била олимписка пливачка, а официјално се пар од 2006 година. Тие се венчале во 2011 година во Монако и имаат две деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг