Кога станува збор за планирање на одморот, особено со ограничен буџет, нема ништо поубаво од туристичките атракции кои може да ги посетите бесплатно, па затоа компанијата „Casago“ ја претставила листата на најдобрите бесплатни атракции на светот.
„Casago“ е компанија за изнајмување на куќи за одмор, користејќи ги критиките на „TripAdvisor“, а истата истражила кои бесплатни туристички локации имаат највисоки рецензии со пет ѕвезди.
Според нивното истражување, белгискиот град Бриж е местото со најдобри бесплатни туристички атракции на светот. 94,5 отсто од рецензиите за Музејот на мини харфите, којшто го води харфистот Лук Фанлаере, има пет ѕвездички. Овој музеј е местото за интимни концерти, составен да ја анимира публиката со својата убавина и звук на харфите.
На второто место се наоѓа Националниот музеј на американското воено воздухопловство. Ова место вклучува мноштво изложби кои покриваат различни ери од историјата на американското воено воздухопловство, од раните години до галерии на проектили, а 92,85 отсто од неговите рецензии на „TripAdvisor“ имаат пет ѕвездички.
Третиот на листата е водопадот Horseshoе, најголемиот од трите водопади кои ги составуваат Нијагарините водопади во Канада. Со 92,7 отсто рецензии на ова култно природно место со пет ѕвездички, тој не заостанува.
Листата од 10 најдобри бесплатни туристички атракции според „Casago“ изгледа вака:
1. „Luc Vanlaere Harfist“ (Музеј на мини харфи), Белгија
2. Национален музеј на американското воено воздухопловство, САД
3. „Horseshoe Falls“, Канада
4. Национален музеј на пешадијата и воен центар, САД
5. Езеро Бакалар, Мексико
6. Златен храм, Индија
7. „Cerro Fitz Roy“, Аргентина
8. Гробницата на непознатиот војник, САД
9. Австриски воен споменик, Австрија
10. „Lanta Animal Welfare“, Тајланд