Две лица уапсени на протестот за скандалот со кражбата на лекови на Онкологија

Макфакс

04/09/2023

21:52

2.407

Големина на фонт

а а а

Две лица се уапсени на денешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на онкологија.

За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

„Двајца активисти на Црвена Младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој попладнево присуствуваше на протестот.

„Макфакс“ побара одговор од МВР, од каде што потврдија дека биле приведени две лица, а потоа пуштени дома.

„Денеска 04.09.2023 г. во 20.10 часот поради сторен прекршок приведени се лицата П.З. и Ј.Ј.. Сочинети им се Мандатни платни налози и ослободени се во 21.00 часот“, велат од МВР за „Макфакс“.

Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.

Двајца активисти на Црвена Младина се уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО!

Протестот...

Posted by Димитар Апасиев on Monday, 4 September 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг