Корисник на „ТикТок“ од својот дом го снимил невремето кое што и ја опустошило Германија на 26 август.
Бурата му го уништила автомобилот „Тесла“, а најмногу било оштетено задното стакло. Тој сето ова го објавил на социјалната мрежа.

„Невреме со грмотевици. Штетата е огромна“, напишал во коментар. Видеото станало хит на „ТикТок“ и собрало над 14 милиони кликови за три дена.
„Зарем и „Тесла“ штедат на стакло? Мојата „Шкода“ без проблем ја преживеа бурата“, напишал корисник од Германија.

Други додале дека луѓето се невнимателни и покрај сите медиумски предупредувања за лошото време, и понатаму ги оставаат своите возила незаштитени.

„Стаклото се распрсна како од шега! Би се расплакала доколку ова ми се случеше. Премногу го имате платено за да не ви седи во гаража“, му напишала извесна тиктокерка.








